Занимливости
Меси ја има најлајкуваната објава во историјата на Инстаграм
Лионел Меси конечно го освои Светското првенство во фудбал со Аргентина, предизвикувајќи прослави низ целиот свет. Меси постигна два гола во финалето против Франција во трилер кој заврши со 3-3 во судиското продолжение, пред Аргентина да победи со 4-2 на пенали.
Радоста ширум светот по подвигот на Меси беше очигледна бидејќи објавата на Аргентинецот на Инстаграм по историската победа стана најлајкуваната објава досега за помалку од два дена откако ја постави. Неговата објава го надмина досегашниот рекорд од 56,2 милиони лајкови што го држеше фотографијата од јајце.
Во 2019 година непознато лице го отвори профилот на Инстаграм „world_record_egg Инстаграм профил“ и објави фотографија од јајце. Целта на овој социјален експеримент беше да се надмине објавата на Кајли Џенер од 18 милиони лајкови.




