Занимливости
Застојаната вода е штетна по здравјето
Водата која преку ноќ е оставена во чаша или отворено шише, не треба да се пие, велат научниците.
Освен тоа што поради изложеноста на зрачење се менува нејзиниот хемиски состав и Пе-Ха вредност, во таквата вода се собираат честички од прашина, бактерии и таа станува нездрава за пиење, а најверојатно сте забележале дека водата која стои во чаша долго време има и друг вкус.
Исто така, ако порано е пиено од таа чаша и бактериите од плунката сега се наоѓаат во водата, пишува магазинот „Хелти анд Нечурал Лајф“.




