Занимливости
Тинејџерка маскирана во маж ја следела најдобрата пријателка на состанок
На социјалните мрежи се шири приказната за една тинејџерка која се облекла во машко и ја следела нејзината пријателка на љубовен состанок.
Досим Јубанкс (19) од Далас со нејзиното момче, кое го запознала преку заеднички пријател, била на вечра кога таа добила порака од нејзината пријателка Џорџија Хојер (18), која ја прашала зошто не ја јаде храната.
Таа во почетокот многу се збунила се додека пријателката не и рекла да се сврти. А кога се свртила, имала што да види.




