Занимливости
ЗДЕЛКА НА ГОДИНАТА: Слика на Леонардо да Винчи продадена за 450 милиони долари
Уметничкото дело – сликата „Спасителот на светот“ („Salvator Mundi”) од Леонардо да Винчи, беше продадена на аукција организирана од њујоршката филијала на лондонската куќа Кристис, за 450,3 милиони долари, со што стана најскапо платената уметничка слика во светот.
Маслото на платно со димензии 65 х 45 сантиметри, го прикажува Исус Христос како држи кристална топка.
На вчерашното наддавање, последното дело на Да Винчи, го надмина претходниот рекордер, Пикасовите „Жени од Алжир”, слика којашто во 2015 година беше продадена за 179,4 милиони долари.




