Наука
Alibaba влегува во AI трката: Тврди дека има супериорен модел, помоќен од DeepSeek и ChatGPT
Кинескиот технолошки гигант Alibaba го претстави својот нов модел на вештачка интелигенција, тврдејќи дека го надминува конкурентот DeepSeek и нуди супериорни перформанси.
Оваа објава доаѓа во критичен момент – само два дена откако кинескиот стартап DeepSeek ги потресе технолошките пазари со тврдењата дека нивниот модел е поевтин и поефикасен од водечките американски AI решенија.
Сега, Alibaba влегува во игра со „Qwen 2.5-Max“, нов модел со отворен код, за кој компанијата тврди дека е моќен, иновативен и супериорен дури и во однос на GPT-4 на OpenAI и Llama-3.1-405B на Meta.




