Sci-fi
АМАЗОН ГОУ: Продавница во која влегувате, си земате што сакате, и си одите! (ВИДЕО)
Замислете продавница во која влегувате, си земате што сакате, и си одите! Тоа веќе не е некоја сцена од филм, туку реалност!
Американскиот гигант Амазон ја отвори својата прва „паметна“ продавница во САД, „Амазон Гоу“, во која купувањето е само влегување и излегување од продавницата.
Во „Амазон Гоу“, купувачите доаѓаат, земаат продукти и си одат, а сметката за истите им се наплаќа подоцна од нивниот акаунт на Амазон. Искуството на пазарење таму се вели дека потсетува на крадење, само што ве снимаат стотици камери.




