Мобилни
Корисниците на ВИП не можат да се јават во полиција – операторот вината ја префрлува кон компанијата „Епл“
Деновиве до информативната редакција на Популарно.мк пристигнаа две писма од наши читатели, едното од Куманово, а другото од Скопје, но и двете со ист проблем – корисници на мобилниот оператор ВИП кои се жалат дека не можат да се јават на службите за итна помош, полиција, ниту пожарна.
Во едно од писмата, во кое читателот бара да остане анонимен, се вели дека овој проблем датира уште од пред три месеци, и е пријавен во техничката служба на операторот од каде сѐ уште работат на решавање на проблемот.
– „Два пати се најдов во ситуација да некој е тешко повреден во последни три месеци и мене ми се случи истото. Чекавме случајно да помине некој со број од Телеком или пак полиција случајно да помине. Два пати им се јавив во техничка подршка, два пати ми кажаа дека ќе го решат проблемот, но сѐ уште ништо не е преземено од нивна страна.“ – вели читателот.




