Sci-fi
Чернобил повторно произведува струја
Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот изградија соларна електрана.
Засега станува збор за скромен објект со капацитет од еден мегават, а се наоѓа на 100 метри од поранешната нуклеарна централа.
Соларните плочи покриваат површина од 1,6 хектари и произведуваат доволно електрична енергија за 2.000 домаќинства.




