Интернет
Фејсбук им забрани на вработените да ја користат базата со лични податоци
„Фејсбук“ им забрани на програмерите да ги користат бројните лични податоци на нејзините корисници што ги поседува компанијата.
Забраната го опфаќа и следењето активисти и демонстранти, стои во денешното соопштение на „Фејсбук“.
Минатата есен Американската унија за граѓански слободи обвини дека „Фејсбук“ и „Инстаграм“ и давале податоци на компанијата „Џиофидија”, која се занимава со производство на уреди за надзор наменети за безбедносните органи.




