Генијалците низ историјата
ГЕНИЈАЛЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА: Нострадамус
„Моите предвидувања, исто како и на пророците од старите времиња, ќе се покажат како точни и прецизни во одредени моменти во иднината”
Најпознатиот светски пророк, доктор Мишел де Нотрдам, живее во време на ренесансата која им врти грб на средновековната заостанатост и црковната догма. Неговиот поглед кон медицината сепак е средновековен, базиран на знаците на астрологијата. По смртта на првата жена и двете деца од чума, не може да си прости шти ги оставил сами, за да бара лек за црната болест, без да предвиди дека болеста му влегува дома. Фатално се посветува на предвидувања и пророштва и станува познат и признат низ Франција, омилен доктор и пророк на кралицата Катарина Медичи.Ја претскажува смртта на кралот Анри II , но подоцна кралицата го наградува и покрај непријатната прогноза.
Двосмисленоста на неговите стихови и мешаницата од латински, хебрејски, италијански и француски јазик е параван, да се заштити од инквизицијата која книгите и умните ги палела на клада, за да манипулира со неукоста. Му се припишуваат предвидувањата за индустриската револуција, патот во вселената, убиствата на Кенедиеви, терористичкиот напад на Америка…


