Интернет
Гугл снима сѐ што зборувате!
Ако сте користеле гласовно пребарување на мобилниот телефон со Андроид или во пребарувачот на Гугл, важно е да знаете како функционира таа опција.
Гугл брзо ги препознава зборовите и изрази и вашите прашања ги формулира на правилна текстовна фраза, но тоа што не го знаёте е дека алатката ги зачувува сите гласовни пребарувања, кои сте ги направиле.
Ако одите на страницата https://myactivity.google.com/ и се логирате на вашиот Гугл, ќе можете да ги видите и преслушате сите ваши досегашни гласовни пребарувања.



