Мобилни
Хонолулу ќе ги казнува пешаците кои преминуваат улица гледајќи во мобилните телефони
Властите во Хонолулу, главниот град на Хаваите, од утре ќе почнат да ги казнуваат пешаците кои преминуваат улица гледајќи во мобилниот телефон.
Хонолулу е првиот град во САД, кој презема мерки против овие т.н. „телефонски зомбија”, кои не можат да го одвојат погледот од мобилните дури и по цена на животот. Казните ќе се движат до 35 долари.
Сепак, и натаму ќе биде дозволено да се зборува на телефон при преминување улица.




