Мобилни
И Миле Паника се „зарази“ со популарната македонска апликација „Баз“ (ВИДЕО)
Сигурни сме дека нема средношколец или студент во Македонија кој нема слушнато за популарната апликација „Баз“ која служи како еден вид социјална мрежа на која може анонимно да се споделуваат содржини кои авторите на апликацијата ги имаат наречено „базови“.
Апликацијата, која е направена од тим на македонски студенти, дневно има преку 2.500 објави и 5.000 активни корисници што ја прави една од најуспешните апликации развиени во нашата земја.
Тоа што ја прави оваа апликација атрактивна меѓу младите е можноста на секој корисник да споделува искуства, мислења, исповеди и најчесто шеги, без да се дознае неговиот идентитет.



