Наука
Тесла Моторс ја претстави невидливата соларна батерија
Директорот на американската иноваторска компанија „Тесла Моторс“, го претстави новиот производ на својата компанија, позната по производството на електричните возила, во областа на соларната енергија – панел за покрив и напреден уред за складирање на енергијата своевиден соларен цреп, пренесува Макфакс.
На презентацијата во Лос Анџелес, челникот на „Тесла“, Илон Маск ја претстави соларната батерија на иднината, којашто се интегрира во покривот на домот, така што речиси е невозможно да се види. Компанијата ќе го понуди на пазарот својот производ во четири варијанти; шкрилеста керамида, керамида во тоскански стил, текстурирано стакло и сјајна стаклена плочка. Маск притоа изрази надеж дека ја претставува иднината којашто ја очекуваат и посакуваат неговите клиенти.
Презентацијата се одржа три седмици пред спојувањето на „Тесла Моторс“ и американската енергетска компанија „СоларСити“ кое треба да се случи на 17-ти ноември. Доколку зделката биде остварена, компаниите планираат во сабота презентираниот производ да го произведуваат во сојузната држава Њујорк.




