Интернет
Grouper попустите наскоро достапни и за граѓаните на Косово
Кога зборуваме за успешни македонски старт-ап приказни во топ 3 секогаш го вбројуваме Grouper.mk, кој прерасна во препознатлив и влијателен бренд на македонскиот пазар и водечка компанија за е-трговија која ја промени оваа индустрија во земјава. Преку понудата на атрактивни попусти Grouper успеа да привлече илјадици граѓани да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар.
Успешната приказна на лидерот во е-трговијата и креаторот на едни од најуспешните онлјан маркетинг кампањи е препознаена и надвор од границите на нашата држава, па така наскоро најголемите попусти и најдобрите промоции ќе можат да ги уживат и граѓаните и бизнисите во Косово.
Од Grouper велат дека се среќни што нивната професионалност и посветеност низ осум годишното градење на успешен македонски бренд се препознаени и надвор од земјава.




