1 милион продадени купони на Grouper.mk
Кога зборуваме за онлајн продажба и попусти секогаш на прво место го вметнуваме Grouper.mk, кој прерасна во препознатлив и влијателен бренд на мекедонскиот пазар и водечка компанија за е-трговија која ја промени оваа индустрија во земјава. Со самото лансирање во 2011 година, Grouper поттикна и едуцираше илјадници Македонци да се впуштат во онлајн купување и голем дел од нив да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа успеа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар.
Grouper лидерот во онлајн трговијата во земјава, прославува 1 милион продажби, што во превод значат 1 милион пати искористени масажи и козметички услуги, вкусени специјалитети, производи или патувања по непобедливи акциски цени. Достигнувањето е навистина значајно, бидејќи Grouper од самиот почеток па до денес, игра значајна улога во раздвижување на онлјан купувањата во земјава – 7% од интернет корисниците биле онлајн купувачи во 2011, а веќе 32% во 2018 година (ДЗС).
Во чест на ова достигнување и долгогодишната соработка со Mastercard, во текот на денешниот ден, сите оние кои ќе купуваат на grouper.mk со Mastercard картичка, ќе имаат можност да добијат бонус во форма на cashback за било која купена зделка и тоа – 5% за зделки од секција патувања, 10% за зделки од секција производи и 15% на услуги. Дополнително за да биде еуфоријата поголема, Grouper тимот креираше и среќно тркало каде од денес па до крајот на неделава, секој може да сврти и да добие код за екстра попуст кој може да го искористи при своето следно купување.




