Интернет
Лансирана првата интерактивна и едукативна веб платформа за е-трговија – „E-commerce4All”
Со цел едукација на населението, зголемување на конкурентноста на е-трговците, како и уште поголем раст и развој и промоција на е-трговијата во нашата земја, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денес ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”.
Веб платформата, преку едноставен и брз пристап, ќе им овозможи на сите потенцијални и постоечки е-трговци на едно место да стигнат до потребните информации за започнување и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти во синџирот на е-трговијата како што се: регулатива, испорака и е-плаќање.
Дополнително, платформата „E-commerce4All“ директно ќе промовира и успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и транспарентно ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата земја.





