Наука
Корчагинци колоритно и поетски го одбележија раѓањето на Блаже Конески
По повод раѓањето на книжевниот гениј Блаже Конески , чиј дух живее со нас веќе 97 години, на 19 декември во библиотеката на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ и на книгите од полиците им беше вдахновен живот од аурата преполна со љубов кон поезијата и сликањето на најхуманите цвеќиња на светот.
Магични вибрации од човечка рака, која исцртала и подарила повеќе од 50000 цветни мироносници, сплотени со поетски таленти во зародиш кои ветуваат пат кон sвезденото поетско небо , беа креативна сеопфатност во просториите на библиотеката, каде Корчагинци го чествуваа и чувствуваа раѓањето на Блаже Конески.
Синестезија од сите можни сетила, благодарение на миротворецот Живко Поповски – Цветин кој одржа емотивен говор пред учениците рецитирајќи им ја наизуст песната „Ружа“ на Б. Конески , која македонскиот лингвист му ја посветил далечните осумдесети години, кога Цветин ја започнал својата цветна мисија.








