Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Петта зимска школа: Чествување на јубилеи и афирмација на македонистиката

Македонија

Петта зимска школа: Чествување на јубилеи и афирмација на македонистиката

На Петтата зимска школа ќе биде одбележан значаен јубилеј – осумдесет години од постоењето на македонската азбука и правопис, како и годишнини на истакнати личности од македонската литература и култура. Ќе се чествуваат Григор Прличев (195 години од раѓањето), Константин Миладинов (195 години од раѓањето), Анте Поповски (70 години од првата стихозбирка), како и Ташко Георгиевски и Живко Чинго (90 години од раѓањето).

Оваа година, зимската школа привлекува учесници од 18 различни земји, вклучувајќи Австралија, Албанија, Бугарија, Кина, САД, Италија, Србија и други. Настанот, кој се организира од страна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе трае до 1 февруари и ќе се одвива онлајн.

Програмата на школата е поделена на две главни секции: македонски јазик (со нивоа за почетници, средно и напреднато) и македонска литература и култура. Посебен акцент ќе биде ставен на преведувачката работилница посветена на поезијата на Анте Поповски, со цел објавување на зборник насловен „Анте Поповски – на океан од јазици“.

Маркетинг

На свеченото отворање, обраќања ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, покровител на школата, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, и директорката на МСМЈЛК, проф. д-р Кристина Николовска.

Ректорката истакна дека зголемениот интерес за изучување на македонскиот јазик придонесува за неговата афирмација и зачувување на светско ниво.

Меѓународниот семинар при УКИМ, кој има долгогодишна традиција, досега има организирано 57 летни и четири зимски школи, со учество на над 4300 учесници од повеќе од 60 земји. Овие настани вклучуваат македонисти, филолози, слависти, професори, студенти и преведувачи кои активно придонесуваат за афирмацијата на македонистиката. Семинарот исто така активно соработува со 11 лекторати во девет различни земји, каде интересот за македонскиот јазик е значително висок.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.