Интернет
Милион Македонци регистрирани на Фејсбук
Во Македонија се регистрирани 1.440.000 корисници на интернет или 68,5 проценти од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.
Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија (72,8 проценти) и во Хрватска (75 проценти).
Зад Македонија се рангирани БиХ (68,1 процент), Србија (66,6 проценти), Грција (63,2 проценти), Црна Гора (60,2 проценти), Албанија (60), Бугарија (56,7).




