Sci-fi
Најдолгиот лет во светот: Патници поминаа низ десет временски зони
Летот QR920 на компанијата „Катар ервејс“ од Доха кон Оукланд, со авион Боинг 777-200LR траеше нешто повеќе од 16 часа, а авионот на Нов Зеланд слета 15 минути пред закажаното време.
Патниците од Доха поминаа низ десет временски зони, полетувајќи во неделата изутрината и слетувајќи денеска изутрината по новозеландско време.
Летот е долг 14.535 километри, а при враќањето во Доха трае 18 часа, односно два часа подолго отколку при доаѓањето. Причината се воздушните струи кои делуваат од запад кон исток.




