Интернет
ШПИУНИРАЊЕ НА ФЕЈСБУК: Ниту промена на лозинката не ве спасува од будното око на партнерот
Милион Фејсбук корисници во светот се обидуваат да ги заштитат своите профили со комплицирани лозинки кои тешко се пробиваат, но ни најдобрата лозинка не може некого да заштити од неговите најблиски – партнерот, семејството и пријателите.
Истражувањето на научникот од Универзитетот во Британска Колумбија во кое учествувале над 1.300 луѓе покажало дека речиси една четвртина ги прегледуваат Фејсбук профилите на своите партнери, пријатели и членови на семејството, кога имале прилика за тоа.
Тие на компјутери и телефони имале пристап до сите информации од Фејсбук, вклучувајќи ги и приватните допишувања со други корисници, пишува Дигитал Журнал.




