Sci-fi
Утре на небото ќе се појави „црна“ Месечина
Оваа година имавме Супермесечина, па потоа крвава Месечина, а сега ќе имаме и црна Месечина. Што значи тоа?
Во петок навечер, ќе се соочиме со сосема нов феномен на црна Месечина, но поради тоа што ќе биде ноќ, нема да може да ја видиме. Слично на сината Месечина, втората полна Месечина од еден календарски месец, црната Месечина е втората нова Месечина во месецот.
– Црната Месечина е невообичаен настан, што се случува еднаш во 32 месеци, изјави Џој Рао од вселенскиот портал Space.com.



