Мобилни
Во АЕК лани 918 приговори, најмногу за мобилна телефонија и интернет
Деветстотини и осумнаесет спорови на корисници на телекомуникациски услуги решавала Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во периодот од јануари до декември минатата година. Генералните поплаки се за висината на сметките и квалитетот на услугите.
Податоците на секторот за заштита на правата на корисниците на АЕК покажуваат дека најмногу спорови, 20,2 процента, се однесуваат за говор во мобилната телефонија, по што следат 18,1 процент за мобилен интернет, 6,4 процент за ДВБ-Т, 5,5 проценти за говор во роаминг, 5,3 проценти за кабелска телевизија, 4,6 проценти за ИПТВ. За интернет преку фиксна телефонија отпаѓаат 4,2 процента, за говор во фиксна 2,9 проценти, а за преносливост на број 1,9 проценти.
Од вкупниот број спорови, 50,7 проценти или 448 барања за решавање спор се за услуги од оне.Вип, 41,7 процент или 369 барања за решавање спор на Македонски телеком, а 7,6 проценти за спорови со останатите оператори.




