Интернет
„ИНДЕПЕНДЕНТ“: Внимавајте какви статуси објавувате на Фејсбук
Крајот на годината вообичаено е идеално време да се свртиме наназад и да размислиме каде сме погрешиле и што ќе научиме од тие грешки.
Но, можно е за многумина како најголема грешка во 2016 година да се покаже фактот дека на Фејсбук споделувале лажни вести, хорор фотографии или целосно бесмислени информации, објави „Индепендент“.
Според весникот, доколку сте објавиле некои од наведените работи во текот на оваа година, би требало да размислете за своето однесување на социјалните мрежи.




