Сцена
10-годишна забрана за Вил Смит: Академијата донесе одлука по инцидентот на Оскарите, се огласи и актерот
11 дена по Оскарите и инцидентот со шамарот на Крис Рок, академијата донесе одлука за казната за Вил Смит.
Сите американски медиуми пренесоа дека актерот добил 10-годишна забрана за пристап до Оскарите како и сите други настани организирани од Академијата.
-Одборот одлучи дека од 8 април 2022 година, на г-дин Смит нема да му биде дозволено да присуствува на какви било академски настани или програми цела деценија, во живо или виртуелно, вклучувајќи ги и Оскарите. Овој потег што го преземаме денес е одговор на однесувањето на Вил Смит и е чекор кон целта да се заштити безбедноста на нашите изведувачи и гости и да се врати довербата во Академијата. Исто така, се надеваме дека со ова може да започне периодот на опоравување за сите вклучени и засегнати – се вели во соопштението.





