Сцена
Крис Рок ги продаде речиси сите билети за престојната турнеја по инцидентот на Оскарите
Побарувачката и цените на билетите за турнеја за комичарот Крис Рок (57) драстично се зголемија откако актерот Вил Смит (53) и му удри шлаканица на сцената на Оскарите.
Комичарот заработи неочекувана популарност на Оскарите затоа што се пошегува на сметка на Џејда Пинкет Смит (50). Иако Смит ја освои Златната статуетка по шокантната сцена, некои гледачи побрзаа да купат билети за претстојната турнеја на комичарот. Oрганизаторите најавија дека за само еден ден продале повеќе билети за настапот на Крис Рок отколку што продале од моментот кога почнала продажбата.
We sold more tickets to see Chris Rock overnight than we did in the past month combined.
— TickPick (@TickPick) March 28, 2022




