Промо
8-мо мартовско разгалување: Женски град во Скопје Сити Мол
Наближува 8-ми март, а со тоа и барањето инспирација за избор на нешто што би ги разгалило дамите близу нас. Сепак, вистинското прашање е што можеме да направиме за понежниот пол за Денот на жената, a истото да остане запаметено како уникатно искуство?
Скопје Сити Мол има идеја: Женски град, посветен само на дамите.
Од 5-ти до 8-ми март, Женскиот град ќе понуди различни содржини; вклучувајќи избор на козметика и козметички прoдукти со експертски совети за нивна употреба, здравствени совети и совети од областа на модата и предлози за убав изглед, како и интересни панел дискусии на различни теми, претставени од професионалци во своите области.





