Сцена
Адријана Ацевска: „Уште еден живот да живеам нема да ги убедам дека не сум алчна за кеш“
Во новата епизода на „Нешто конкретно“ зборуваме за предрасудите кои важат за жените. Ако не се омажила до 30 сигурно нешто и фали, ако брка кариера и е успешна тогаш сигурно мрази мажи… вакви коментари и уште многу други сигурно сте слушнале за жените кои малку повеќе отскокнуваат од она „нормалното“ во нашето општество.
Ние на оваа тема одлучивме да позборуваме со Мартин Трпчевски, стендап комичарката Ивана Наскова, Ирена Спасовска и Андријана Ацевска.
Дали познатиот хит „Кеш“ на една од нашите најзгодни фолк пејачки дава погрешна слика за тоа каква е она вистински? Со оглед на тоа дека таа се прослави со гореспоменатата песна која беше многу остро коментирана, ја запрашавме Андријана како се носи со тоа и како им објаснува на луѓето дека она не е таа девојка за која што пее. „Ме болат коментарите кога зборат дека сум алчна за кеш, такви се луѓето мислат дека тоа што го пееш, го пееш за себе“ рече Ацевска и додаде дека уште еден живот да живее нема да се убеди со народот.





