МК Сцена
АКРОБАЦИИ ОД КОИ ЌЕ ВИ ЗАСТАНЕ ЗДИВОТ: Вчеравечер започна Балкан Бајк Фест
Вчеравечер Балкан Бајк Фест ги собра зависниците на адреналинот на едно место, пред платото на Скопје Сити Мол, каде се изведуваа навистина опасни акробации со велосипеди.
Веднаш по отворањето од страна на Бен Савиќ и неговата група Savage Skills, започнаа квалификациите за Македонија BMX open натпреварот, а по нив следуваше и тренингот за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT, секако проследен со забава и музика.
Она што денес ги очекува зависниците од адреналин се квалификациите за FMB WORLD TOUR, кои започнаа во 10:00 часот и траат се до 14 часот. По нив е големото BMX OPEN НАТПРЕВАР ФИНАЛЕ, додека пак вечерта не очекува финалето за FMB WORLD TOUR SILVER EVENT-от проследено со забава и музика.




