Промо
Алиша Кис настапува на церемонијата на отворањето на финалето на УЕФА Лигата на шампионите на 28 мај
УЕФА и Пепси информираат дека за првпат, финалето на УЕФА Лигата на шампиони ќе вклучува глобален музички настап во живо како дел од церемонијата на отворање.
На 28 мај на стадионот Џузепе Меаца во Милано, Италија, во рамките на УЕФА Лига на шампиони церемонијата на отворање претставена од Пепси ќе настапува Алиша Кис, како првиот артист кој ќе ја отвори новата забавна ера за финалето на УЕФА Лигата на шампиони. Емитувана во повеќе од 220 земји, финалето на УЕФА Лигата на шампиони е најгледаниот годишен спортски настан во светот.
