Промо
Ричи Хотин, Џекмастер и Хот Синс 82 за најсилното издание на ЕГЗИТ Денс Арена!
Ричи Хотин (Richie Hawtin), еден од најголемите електронски уметници на сите времиња ќе настапи на „Денс Арена“ во недела, на 10 јули на „ЕГЗИТ“ фестивал. Тоа ќе биде глобална премиера на неговиот целосно нов, револуционерен настап во живо, кој ќе се одржи ексклузивно на „Егзит“.
Техно иконата и револуционерот, заслужен за популаризација на електронската музика и бројните технолошки иновации, соработува со продукцискиот тим на „ЕГЗИТ“ фестивал уште од октомври минатата година, за сите креативни и технички детали, кои ќе бидат дополнително објавени на глобално ниво.
На светски фамозната „Денс Арена“, своето присуство на 9 јули го потврди и британската диџеј сензација „Хот Синс 82“ (Hot Since 82), додека листата на изведувачи за петок 8 јули ја засилува и еден од петте првопласирани на „Резидент Адвајзор“ (Resident Advisor) листата, шкотскиот диџеј и продуцент „Џекмастер“ (Jackmaster). Новата генерација на популарни продуценти ќе ја претставува и лондонскиот тандем „МАНТ“ (MANT)!




