МК Сцена
Од понеделник стартува новата утринска програма на Телма
Од понеделник, 2 мај, на Телма започнува ново утринско шоу. “Утринска на Телма” е нова емисија која ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок од 8 до 12 часот.
Емисијата ќе ја водат млади и свежи лица за Телма телевизија, како што се Цеце Трајковска, Марко Марк, Елена Вишка и Гоце Андреевски.
Тимот на новата утринска ветува дека секојдневно ќе се трудат да го обојат Вашиот ден во веселите бои на виножитото и на секој од Вас да му предизвикаат насмевка на лицето.


![12993442_979316708850619_4448052251675442562_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/04/12993442_979316708850619_4448052251675442562_n1-1.jpg)


