МК Сцена
Џамбинаи и Басеко Којате и Нгони Ба ќе го отворат 14. ОФФест
Со концерти на корејскиот рок бенд Џамбинаи и африканскиот состав Басеко Којате и Нгони Ба вечер почнува 14. издание на музичкиот фестивал ОФФест.
Фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар, а ќе трае до 1 јуни.
Утре во кинотот Фросина ќе биде проектиран документарниот филм „Je chanterai pour toi“, на режисерот Жак Сарасин. Тоа е филм за Бубакар Траоре, кој потоа ќе одржи концерт. В сабота ќе настапат португалката Лула Пена и мароканката Хинди Зара. Традиционално претставување на македонски групи ќе има во недела, кога Чалгија саунд систем ќе го промовира новиот материјал.




