Музика
ВИДЕО: Слушнете ја новата песна на Теа со наслов „Ехо“
По успешниот хит “Ми Tреба Малку Време “ кој долго време не се симна од топ листите на сите радио станици, Теа го преставува својот нов проект насловен како ЕХО!
Теа останува доследна на различниот модерен звук по кој стана препознатлива.
“Се надевам дека и слушателите ќе ја доживеат оваа песна исто како што ја доживувам јас. Во неа има голем дел од мене, таа е слика на мојот музички лик и карактер. Јас и мојот тим ( Лазар Цветковски и Милан Миланов ) уживавме додека ја создававме.”




