Сцена
Анџелина Џоли се разведува од Бред Пит?
Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Бред Пит и воедно бара целосно старателство над нивните шест деца.
Американските медиуми пишуваат дека причините за разводот е тоа што Бред постојано пие, или пак дека станува збор за неверствона Бред и „афера” со француската актерка Марион Котијар.
Наводно Анџелина ангажирала приватен детектив кој го видел „неверството” Бред со 40-годишната француска актерка Марион Котијар, која, исто така, е и пејачка и активист на „Гринпис“.




