МК Сцена
Ана Николиќ и Раста заедно во Скопје!
Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста ќе направат вистински спектакл на 16 февруари 2018 во Вип Арената Борис Трајковски во Скопје!
Ова ќе биде прв голем концерт по породувањето на Ана, која одлучи да се врати на сцената на голема врата.
Николиќ припреми специјални мултимедиски материјали кои ќе се прикажуваат на големи видео бимови во текот на нејзиниот настап. Ана редовно вежба нови кореографии со кои ќе ги размрда и сите фанови во Вип Арената Борис Трајковски, а припрема и нови секси костими.




