МК Сцена
Анастасија брилираше на сцената на „Мак Фест“ (ВИДЕО)
На неодамна одржаниот „Макфест“ дебитираше младата Анастасија Аврамовска која го освои високото 4-то место, а коментарите од нејзиниот настап не стивнуваат.
Со нејзиниот глас, настапот на сцената и се разбира певливата и хитовска песна, успеа да ги собере симпатиите на публиката и жирито.
„Ме научи да бидам своја“ е дело на Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на Даниела Хаџи – Тоневска.





