МК Сцена
Анастејжа во Скопје ќе звучи светски!
На 15 мај во ВИП Арена Борис Трајковски, една од најпознатите поп пејачки на денешницата, Anastacia, ќе приреди вечер за паметење. Со хитовите со кои што растеа многу генерации, оваа музичка дива ќе го позиционира и Скопје на светската музичка мапа, благодарение на турнејата со наслов: Evolution.
Организаторите на концертот, Прагма продукција, велат дека се подготвени да излезат во пресрет на сите барања на тимот на Anastacia, како би можеле на македонската публика да и овозможат уживање од светски калибар. Anastacia во текот на целата своја турнеја патува со сопствена продукција, што пак е предзнак дека сите концерти од истата, не се разликуваат по квалитет.
– „Барањата кои што ни ги доставија за концертот на Anastacia се во рамките на очекуваното. Ниту таа ниту тимот, не претеруваат со хировити барања во однос на храна, хотел и слично. Дозволени беа и наши предлози во однос на она што мора Anastacia да проба на македонска територија. Што се однесува пак до техничкиот дел, и осветлувањето и озвучувањето ќе бидат на висина на задачата затоа што тимот задолжен за овој концерт, низ цела турнеја патува со сопствена продукција. Тоа значи дека Anastacia овде нема да звучи поинаку од било која друга светска метропола“ – велат од Прагма Продукција.




