Сцена
Џастин Бибер во новиот спот прашува: Каде си Селена?
Џастин Бибер конечно го објави спотот за својата последена песна „Where Are U Now“.
Видеото за песната, која е нешто поинаква од вообичаениот музички опус на Бибер, настана во соработка со Скрилекс и Дипло, но она што дополнително привлече внимание е една секвенца во спотот во која се појавува името на поранешната девојка на тинејџерската ѕвезда, Селена Гомез.
Имено, во спотот се прикажани луѓе кои влегуваат во галерија каде се наоѓаат слики на Џастин и цртаат преку нив. Во еден момент во овој, во голема мерка психоделичен спот, се појавува пораката: „Where r now, Selena“.




