МК Сцена
Поради големиот интерес продолжува промотивната акција на Д Фестивал!
На наше задоволство и за радост на сите оние кои изминативе денови постојано ни испраќаа пораки со прашања за истекот на рокот, во чест на скромниот петти јубилеј, Д ФЕСТИВАЛ ја продолжува промотивната, како и студентската „4+1“ акција.
Имено, поради извонредниот интерес и на барање на голем број фанови кои не стигнаа до 1. јули да ги обезбедат своите влезници за Д ФЕСТИВАЛ, по распродажбата на првиот, промотивната цена и студентската акција 4+1 продолжуваат да важат и за вториот контингент влезници!
Во продажба се достапни уште една количина од ограничен број влезници за кои оваа акција продолжува да важи сѐ до нивната распродажба.




