Настани
Авон Македонија прослави 10 години постоење на македонскиот пазар
Компанијата го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава, а одговорните посочија дека нивна задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.
Можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, како единствен или дополнителен извор на приход, се резултат од 10-годишната работа на компанијата АВОН Македонија. Ова е само еден од врвовите од досегашното делување на брендот што минатиот четврток (17 септември) во ресторанот „Везилка“ со одлична забава го одбележа деценискиот јубилеј во земјава.
– Пред 10 години само 300 Авон Претставници го започнаа патувањето со нас, а сè до денес, им дадовме можност на повеќе од 95.000 Претставници да го исполнат својот сон. Само за споредба, тоа е бројка поголема од популацијата на вториот по големина град во Македонија – Битола и верувам дека со нашиот раст од ден во ден таа бројка ќе се зголемува и наскоро ќе биде на ниво на Скопје – вели Дана Стојкова, Национален менаџер на продажба на АВОН Македонија.






