МК Сцена
12-то издание на Моден викенд Скопје под мотото „Мода и културно наследство“
Под мотото „Мода и културно наследство “, ќе се одржи дванаесеттото издание на Моден викенд Скопје , од 21 до 25 октомври во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија. Модното случување за сезоната есен/зима 2015/2016 година, ќе биде во духот на традицијата и модата како портрет на времето.
Културното наследство е еден од најзначајните сегменти од македонската историја и сведок на нашиот идентитет.
Оваа есен, нашата безвременска традиција ќе ја однесеме на рандеву со нескротливата модна приказна. Ќе ги собереме на дружба различните епохи и спомени, убавините низ годините со оние кои не очекуваат. Моден викенд Скопје оди во нова , безвременска приказна.





