Сцена
Бекам уценет со милион фунти по хакирањето на неговите приватни мејлови
Некогашната ѕвезда на англискиот и на светскиот фудбал, Дејвид Бекам (41) бил уценет да плати еден милиони фунти, откако биле хакирани неговите, неколку години стари, мејлови и електронската пошта, што се наоѓале во комјутерскиот систем на ПР агенцијата со која долги години соработува фудбалерот, пишува лондонски „Дејли Мирор“.
Станува збор за илјадници пораки и писма што Бекам ги разменувал со фирмата која ја води Симон Оливеира, чии експерти делуваат како советници на фудбалерот и во кои тој имал голема доверба.
Во пораките се наоѓаат и неговите навредливи коментари за британската владина комисија за одликување, а посебно неговите забелешки за одликувањето што во 2014 година го има добиено, популарната британска оперска пејачка Кетрин Џенкинс, откако Бекам не се нашол на листата и нема добиено орден што би му овозможило да ја носи почесната титула „сер„.




