Сцена
Памела Андерсон се појави во јавност без шминка
Некогашниот американски секс симбол, Памела Андерсон, меѓу другото беше позната и по тоа што никогаш не се појавуваше во јавноста без шминка.
Сепак, се чини дека како што поминуваат годините, ѕвездата на телевизиската серија „Чувари на плажата“, но и на неколку приватни аматерски порно снимки кои „случајно“ протекоа во јавноста, полека станува љубителка на природниот изглед.
Така, на една гала вечер Памела се појави речиси ненашминкана.




