МК Сцена
Битола во фокусот: Утревечер се отвора 36. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и официјалниот партнер Вип оператор го најавуваат почетокот на 36. Издание, закажано за утревечер (петок), во 19.30 часот, во Битола со светската премиера на филмот „Лазар“, во режија на Светозар Ристовски.
Ни претставува особена чест што наградуваниот режисер по речиси 11 години ќе ѝ се претстави на македонската публика, и тоа токму со премиера на Фестивалот „Браќа Манаки“. Филмот ќе го промовира режисерот Ристовски, директорот на фотографијата Дејан Димески, актерите Дејан Лилиќ и Наташа Петровиќ, како и продуцентката Корнелија Ристовска.
По проекцијата, екипата на „Лазар“ ќе се поклони на сцената, а пред проекцијата на „Лазар“ ќе биде прикажан краткиот анимиран филм „Кружното патување на Марето“ од Жарко Иванов.




