Сцена
Бразилка плати 90.000 долари за бакнеж со Рики Мартин
Бразилката Ана Паола Диниз даде 90.000 долари за бакнеж со познатиот латино заводник Рики Мартин.
Имено, како што објавија бразилските медиуми, Диниз, која е сопственик на Центар за домашни миленичиња, понудила највисока сума на аукцијата на еден хуманитарен собир во Сао Паоло.
Парите од аукцијата биле наменети за помош на лица заболени од СИДА.




