МК Сцена
Емотивна балада на Даниел Крстески (ВИДЕО)
По „Ти имаш се“, младиот и талентиран пејач Даниел Крстески сними нова песна со наслов „Да оживеам“.
Како и претходно, така и овој пат Крстески довербата му ја додели на Ристо Самарџиев, кој се потпишува како автор на музиката и текстот, додека пак аранжманот е дело на Владимир Дојчиновски.
Крстески за новата песна сними и интересен видеозапис на неколку локации во Охрид, како што е хотелот „Белведере“ и еко-кампот „Дедо Илија“ во Македонски Брод. Покрај Даниел во спотот се појавува и преубавата Дијана Петкоска, а овој пат режисерската палка му припадна на Жарко Стојкоски.



