МК Сцена
Четири ревии на вториот ден од Моден викенд Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вториот ден од Модниот викенд за сезоната пролет-лето 2018 продолжи вчеравечер со четири ревии во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.
Втората вечер ја отвори заедничката ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018, на која петнаесет студенти ги прикажаа своите креации.
Потоа публиката ја виде колекцијата на „BERNASARACI“ од Косово наречена симболично „0000“.




