МК Сцена
Четврти ден Моден викенд Скопје: Тошева, Ивановски, Занов и „Kigili“
Најновите колекции на Ирина Тошева, Роберт Ивановски, Митко Занов и турската модна куќа „Kigili“ беа прикажани на претпоследниот ден Моден викенд Скопје, синоќа во Музејот на Македонија каде е во тек дванаесеттото по ред модно случување .
Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот „Kigili“ за прв пат се претстави пред македонската публика со уникатна, тренди колекција за сезоната есен – зима 2015/2016. Колекцијата е сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“.
Митко Занов дебитираше на Моден викенд Скопје со својата прва авторска колекција наречена „Голата мугра“ . Занов за парчињата наменети за актуелната сезона вели „Храбра, авангардна и грациозна се клучните зборови кои ја опишуваат жената, која ме инспирираше да создадам колекција која ќе понуди уникатни, иновативни и квалитетни дизајнерски парчиња облека и модни додатоци, што им дозволуваат на девојки со нескротлива имагинација да го експресираат личниот стил во секојдневниот изглед“.




